Трамп ќе ја прогласи Северна Кореја за спонзор на тероризам

Американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја прогласи Северна Кореја за спонзор на тероризам. Тој изјави дека со ваквата одлука ќе и се наметнат дополнителни санкции на земјата. Американскиот претседател вели дека ова е долгорочна мерка и дел од кампањата на Соединетите Американски Држави за максимален притисок на Северна Кореја. Со ваквата одлука, Северна Кореја им се приклучува на Иран, Судан и Сирија, кои се веќе на листата на држави спонзори на тероризам.

Официјалната одлука треба да ја соопшти утре американското Министерство за финансии.

Овој потег ја враќа Северна Кореја на листата на земји спонзори на тероризам. Земјата во 2008 беше избришана од тој список, во обид да се спаси договорoт за запирање на нуклеарниот развој.