Судењето за „Поткуп“ одложено за 25 декември

Архивска фотографија: Претседателот на СДСМ Зоран Заев пристигнува во Основниот суд Скопје 1

Рочиштето за „Поткуп“, каде што обвинет е премиерот Зоран Заев, што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 25 декември 2017 година.

Судењето е одложено за да се сочека одлуката на Апелациониот суд на 27 ноември за тоа дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб може да бидат доказ во постапката.

Премиерот Зоран Заев во придружба на своите адвокати денеска се појави на закажаното рочиште.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов за градежно земјиште во Струмица.

Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.