Хан во дводневна посета на Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан утре и задутре ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор.

Хан, како што засега официјално е потврдено, ќе има средби со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на Алијансата на Албанците Зијадин Села, објави МИА.

Во рамки на посетата еврокомесарот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор.

Посетата на Скопје еврокомесарот Хан минатата недела ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

" Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество", објави Хан.

Хан во најавата на Твитер за посетата на Скопје наведe и дека „верува оти владата ќе го искористи позитивниот момент и дека ќе се видaт резултати од натамошните реформи до крајот на годинава“.

" За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата", нагласи Хан.