Во Зимбабве протести за повлекување на Мугабе

Претседателот Роберт Мугабе ја слуша својата жена Грејс Мугабе на митинг на неговата владејачка партија. 8 ноември 2017 година

Во Зимбабве денеска се одржаа протести на кои учесниците изразија поддршка за преземањето на власта од страна на војската претходно оваа недела. Десетици илјади жители на Зимбабве кои излегоа на протестите го повикаа претседателот Роберт Мугабе да се повлече. Некои носеа знаме на Зимбабве, а други слогани на кои пишуваше "Мугабе мора да го напушти Зимбабве". На 15 ноември, Зимбабве ја презеде власта со државен удар, ставајќи го 93 годишниот Мугабе во домашен притвор и притворајќи некои од неговите сојузници. Мугабе е на власт речиси четири децении. Многу жители на Зимбабве го поздравија потегот на војската по неколку годишните економски тешкотии и злоупотреби на човековите права.