Илјадници американски војници пристигнаа во Авганистан

Главниот командант на американските сили во Авганистан Џон Николсон

Околу 3 илјади дополнителни американски војници се распоредиле во Авганистан во соласност со ревидираната политика на претседателот Доналд Трамп за таа со војна зафатена земја, соопшти Пентагон. „Го комплетиравме разместувањето на војниците“, соопшти директорот во Здружениот штаб на американската војска генерал полковник Кенет Мекензи. Главниот командант на американските сили во Авганистан Џон Николсон претходно изјави дека во Авганистан се неопходни над 16 илјади војници со цел да функционира тамошната мисија која се остварува заедно со НАТО во обука на авганистанските сили против талибанските бунтовници.