Русија стави вето на предлогот на САД за хемиските напади во Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации

Русија стави вето на американскиот предлог во Советот за безбедност на Обединетите нации за обнова на мандатот на истражниот тим за тоа кој е одговорен за нападите со хемиско оружје во Сирија. До ова дојде неколку часа пред истекот на мандатот на полноќ на 16 ноември. Ова беше 10 руско вето на некоја резолуција во врска со граѓанската војна во Сирија од нејзиниот почеток во 2011 година. Американскиот амбасадор во ОН Ники Хелеј изјави дека ветото ја покажува постојаната поддршка на Русија на нејзиниот сојузник, режимот на претседателот Башар ал Асад.