Саудиска Арабија - Харири може да си оди кога сака

Францускиот министер за надворешни работи Жан-ив Ле Дриан денеска се сретна со либанскиот премиер Саад Харири во неговиот дом во Ријад

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир денеска изјави дека либанскиот премиер во оставка Саад Харири е слободен „кога сака“ да се врати во Либан. Тој додаде дека Харири ќе ја проучи безбедносната состојба во Либан пред да се врати.

Џубиер ги отфрли наводите дека Ријад го држи Харири во притвор како неосновани.

Истовремено, го повика Хезболах да го почитува суверенитетот на Либан.

Претходно, Харири го прифати повикот да ја посети Франција, но датумот на посетата сè уште не е утврден.

Пред помалку од две недели Харири поднесе оставка на премиерската позиција во Либан и тоа додека беше во посета на Саудиска Арабија, образложувајќи ја оставката со мешањето на Иран и Хезболах во регионот и стравувањата за неговиот живот. Либански политичари изразија уверување дека тој е натеран да поднесе оставка и оти се држи во домашен притвор во Саудиска Арабија.