Генералниот секретар на ОБСЕ Гремингер во посета на Македонија

Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.

Во посета на Република Македонија ќе престојува генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер.

Негов домаќин е министерот за надворешни работи Никола Димитров, а Гремингер ќе се состане и со премиерот Зоран Заев.

Престојот во Македонија е прва посета на Гремингер на Балканот откако тој стана генерален секретар на ОБСЕ во јули 2017 година.