Москва: обвинувањата за мешање во референдумот во Каталонија се „хистерија“

портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Русија ги отфрли обвинувањата од шпанските лидери дека можеби ширела дезинформации кои помогнале во врска со кризата околу референдумот во Каталонија за независност. „Шпанските власти, НАТО и весниците не изнесоа никаков аргумент за да ги потврдат нивните обвинувања“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, наведувајќи дека тие се без основа и „продолжување на истата хистерија која се случува во Соединетите држави и во други земји“. Западните лидери и разузнавачките агенции изразија сомневање дека Русија спонзорирала разни кампањи за да „посее поделби“ и да влијае врз јавното мислење при важни гласања во западните земји.