Грчката полиција ги запре мигрантите на пат кон македонската граница

илустрација, мигранти во Грција

Грчката полиција запре околу 200 мигранти и баратели на азил кои од Солун тргнаа кон границата со Македонија во надеж дека од таму ќе можат да го продолжат патот кон другите европски земји. Десетици полицајци во опрема за растурање десмонстрации со штитови ги спречиле мигрантите во близина на центарот во Солун и им го блокирале патот со полициски автобуси. Мигрантите, меѓу кои семејства со деца, одбиле да се разотидат. Во краткиот судир никој не бил повреден. Над 60 илјади мигранти и бегалци остануваат блокирани во Грција.