Димитров утре на средба со градоначалникот на Солун Бутарис

Архива - Министерот за надворешни работи Димитров.

Министерот за надворешни работи на Никола Димитров утре ќе има средба со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис кој ќе допатува во работна посета на Македонија, информираат од МНР.

Оттаму наведуваат Ова е втора средба меѓу министерот Димитров и градоначалникот Бутарис за помалку од два месеца на која, како што информираат од Министерството, се очекува да продолжат разговорите од минатиот месец во Солун за прашања од заеднички интерес, насочени кон унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Грција и зближување на граѓаните од двете земји.

Исто така, средбата претставува континуитет на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба, како и околу можниот придонес на локалните власти во рамки на Мерките за градење доверба.