Вучиќ во Брисел на средби со Столтенберг и Могерини

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Брисел ќе разговара со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и ќе им се обрати на амбасадорите на земјите членки на Алијансата. Според најавата на неговиот кабинет, пред тоа Вучиќ ќе се состане со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Претседателот Вучиќ во понеделникот изјави дека Србија е воено неутрална и оти ќе соработува со различни сојузи и држави, но оти нема да влегува во никакви воени алијанси.