Додик: Босна и Херцеговина е невозможна држава

претседателот на Република Српска, Милорад Додик во парламентот на Република Српска, Бања Лука, 14.11.2017.

„Босна и Херцеговина е невозможна држава, но опстојува благодарение на притисоците на меѓународната заедница“, изјави синоќа претседателот на Република Српска, Милорад Додик за српската државна телевизија РТС. Тој додаде дека босанските Срби биле присилени да го прифатат Дејтонскиот мировен договор и „наметнатите решенија“, иако никогаш не сакале да живеат во државата Босна и Херцеговина. „Најдобро е и за Бошњаците да се раздвоиме. Само губиме време заедно. Монструмот БиХ не може да функционира“, заклучи Додик.