Меј со остра порака до Русија, Босански нож во српското срце, Нема казни за палењето на Амбасадата на САД во Белград...

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Руските напори за сееење раздор на Западот нема да успеат, и тие веќе ги поттикнуваат западните сојузници да работат заедно за да се спротивстават на мешањето на Москва, рече британската премиерка Тереза Мај во нејзиното обраќање на прием во Лондoн. Значи имам многу едноставна порака за Русија, рече Меј - Знаеме што правите и нема да успеете.

БЕЛГИЈА - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени дека Унијата има најсилно влијание врз Западен Балкан. Таа, коментирајќи ја руската пропаганда во регионот, нагласи дека воопшто не е загрижена за другите влијанија, бидејќи била уверена во европската определба на Западен Балкан, особено по изјавите од Брисел дека регионот е Европа.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА / СРБИЈА - Насловните страници на дел од денешните изданија на српските дневни весници и таблоиди. Сите ударно пренесуваат коментари на изјавата на членот на Босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ, во врска со независноста на Косово.

СРБИЈА - Српски адвокат дава изјава за медиумите по изрекувањето на пресудата за обвинетите за палење на Американската амбасада во Белград 2008 година. Американската амбасада во Србија оцени дека тешко е да се сфати што не се казнети со затвор обвинетите за опожарувањето на нејзината зграда во 2008 година, откако белградскиот Виш суд им изрече условни казни на четворица обвинети, додека тројца други беа ослободени од обвинението поради недостиг на докази.

ФИЛИПИНИ - Американскиот претседател Доналд Трамп поздравува пред полетувањето кон САД, по неговата прва азиска турнеја. Тој изјави дека на турнејата завршил голема работа и дека, како што нагласи, веќе најавените 300 милијарди долари од трговски договори брзо ќе надминат еден трилион.

ИРАН - Девојче од провинцијата Керманшах се гледа во огледало на улица по големиот земјотрес на иранско-ирачката граница. Илјадници преживеани од земјотресот во Иран престојуваат под отворено небо и имаат потреба од храна, вода и други основни намирници. Повеќето од жрвите во земјотресот со сила од 7.3 степени се од провинција Керманшах, а официјалните медиуми објавија дека загинаа најмалку 530 лица, а повеќе од 8.000 други се повредени во Иран.

БЕЛОРУСИЈА - Руски православен свештеник е осуден на 5 ипол години затвор за обид за подведување и за трговија со луѓе од судот во Белорусија. Регионалниот суд во Витсебс во источна Белорусија вчера утврди дека 39-годишниот свештеник Николај Кирејев е виновен зашто се обидел да одведе две Белорусинки во Русија да работат како проститутки.

СРБИЈА - Српски и америкаснки војници позираат покрај американски авион на воениот аеродром во Батајница. Воздухопловните сили на САД и на Србија изведуваат заеднички воздухопловни вежби на воениот полигон во Батајница.