Синдикатот на УПОЗ бара неотповиклива оставка од Зоран Караџовски

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски во Скопје

Синдикатот на УПОЗ денеска побара неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, бидејќи, според нив, тој е еден од главните виновници за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат вработените во судовите. „Караџовски го сметаме за главен виновник затоа што двапати по 40 проценти кои минатата година ни беа задржани, беа на сметка на судовите до 31 декември 2016 година и можеше многу едноставно со негово одобрение овие пари да ни бидат вратат назад“, истакна потпретседателката на Синдикатот на УПОЗ, Верица Тасева на денешната прес-конференција. Синдикатот на УПОЗ реагира поради тоа што со Предлог-буџетот за 2018 година се изоставени вработените во судската служба и во јавнообвинителската служба, кои неколку пати досега штрајкуваа барајќи зголемување на платите и исплата на додатоците за плата.