Пахор: Македонија да биде следна членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ

Pретседателот на Република Словенија Борут Пахор

Словенија внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО и останува нејзин силен поддржувач во овие процеси, рече претседателот на Република Словенија Борут Пахор на денешната средба со премиерот Зоран Заев. Како што информира македонската владина прес-служба, Пахор искрено се надева дека многу брзо Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за старт на пристапните преговори.