Над 440 мртви во земјотресот меѓу Иран и Ирак

Разурната зграда од земјотресот што ги погоди Иран и Ирак, 13.11.2017.

Иранската полудржавна новинска агенција Тасним јави дека бројот на загинатите во силниот земјотрес што ги погоди Иран и Ирак изнесувал над 440, додека на повбредените околу 7.400. Земјотресот беше со сила од 7.3 степени и погоди делови во близина на границата меѓу двете земји. Повеќето од жртвите биле во курдското место Сарпол Захаб во иранската провинција Керманшах, на границата со Ирак. Земјотресите се честа појава во Иран. Во декември 2003 година земјотрес со сила од 6,6 степени го погоди градот Бам каде што загинаа над 26 илјади луѓе.