Група од 29 илегални мигранти откриени во воз во Софија

илустрација

Бугарската полиција на главната железничка станица во Софија откри 29 илегални мигранти скриени во товарен воз што патувал од Турција до Австрија. Како што јави БТА, најголемиот дел од мигрантите биле откриени во еден од вагоните на возот, а останатите биле скриени на неговиот покрив. Меѓу приведените мигранити има 14 жени, деветмина мажи и шест деца. Директорот на софиската Дирекција за внатрешни работи, Ивајло Иванов, соопшти дека полицијата реагирала по добиен повик на непознат маж, кој пријавил дека ги забележал мигрантите. Откриените мигранти немале документи за лична идентификација, но се претпоставува дека се Сиријци.