Времето денеска: променливо облачно со повремен дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со локален карактер. Во јужните, а особено во југоисточните делови, ќе има услови да бидат поројни и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено долж Повардарието и источните делови. Дневните температури во интервал од 11 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно, со температура до 16 степени.