Висар Ганиу од ДУИ победи на изборите во Чаир

Архива - Локални Избори 2017.

Според објавените резултати на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) на прегласувањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, за кандидатот на ДУИ Висар Ганиу гласале 169 гласачи, додека Зекирија Ибрахими од Движењето БЕСА освоил 98 гласови.

Според податоците на ДИК, од вкупно 719 избирачи на ИМ 2901 денеска гласале 272, односно излезноста е 37,83 проценти.

Ибрахими на прес-конференција пред завршување на пребројувањето од гласањето, му честиташе победа на својот противник Ганиу од ДУИ и ја нарече „победа на СДСМ“.

„Сакам да му ја честитам победата во Чаир на СДСМ. Ова е украдена победа и ако тие ја признаваат како таква ние им ја честитаме. Им благодарам на граѓаните кои излегоа на гласање и покрај многу притисоци и изнудувања“, рече Ибрахими.

По вториот круг на изборите Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.