Рахој ги повика Каталонците да гласаат против сепаратистите

Шпанскиот премиер Маријано Рахој. 12.11.2017

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги повика Каталонците да ги соборат сепаратистите од нивниот регионален парламент на предвремените избори следниот месец.

„Мораме да ја вратиме Каталонија од хаосот на сепаратизмот“, рече Рахој обраќајки се денеска во Барселона за неговата партија.

Посетата на рахој во Барселона е прва во Каталонија, откако неговата влада пред две недели наметна директна власт во североисточниот регион.

Неколку каталонски сепаратистички лидери беа притворени од страна на панските власти поради едностраното прогласување на независност минатиот месец.

Вчера околу 750 илјади демонстранти излегоа на улиците на Барселона барајќи нивно ослободување.