ДИК: До 13 часот во Чаир гласале над 20 отсто од избирачите

Архива - Локални избори 2017.

Непрекинато и без проблеми се одвива гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир, каде се прегласува вториот круг од Локалните избори се одвива. Дo 13 часот на гласање излегле 20,86 процнти од запишаните избирачи.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес-конференција информира дека до 13 часот од вкупо запишани 719 избирачи на гласање излегле 150, односно 20,86 отсто.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.