Турција ги отфрли обвинувањата за незаконска екстрадиција на Ѓулен

Архива - Свештеникот Фетулах Ѓулен во неговата резиденција во САД.

Турција ги отфли како „смешни и неосновани“ тврдењата дека труските власти можеби разговоарале за план да го грабнат од САД свештеникот Фетулах Ѓулен и да го предадат на Анкара во замена за милиони долари.

Турската амбасада во Вашингтон денеска ги повтори барањата САД да го екстрадираат Ѓулен, посочувајќи оти Турција нема да дејствува надвор од законот за да ја постигне таа цел.

Соопштението доаѓа откако американски медиуми објавија дека американски обвинител наводно истражува предлог, според кој поранешниот советник на претседателот Доналд Трамп за национална безбедност Мајкл Флин и неговиот син требало да добијат до 15 милиони долари, ако го грабнат од дома Фетулах Гулен, и го предадат на властите во неговата родна земја.

Анкара го обвинува Ѓулен за поттикнување на државниот удар во 2016 година против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.