ДИК: Гласањето во Чаир се одвива непрекинато

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Дo 10 часот на гласање излегле 4,45 процнти од запишаните избирачи на гласачкото место 2901 во општина Чаир, каде се прегласува вториот круг од Локалните избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на прес конференција информира дека гласањето започнало навреме во 7 часот и оти досега гласаањето се одвива непрекинато. Таа рече дека до 10 часот на гласање излегле излегле вкупно 32 избирачи.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

Таа истакна дека на граѓаните на располагање и денеска им стои бесплаттната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.