Трамп: Договорот со Русија за Сирија ќе спаси многу животи

Виетнам - претседателот на САД Трамп и рускиот претседател Путин. 11.11.2017

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека договорот со рускиот претседател Владимир Путин за Сирија ќе спаси многу животи, откако двајцата лидери се сретнаа на Самитот на азиско-пацифичките лидери во Виетнам, додека Путин договорот го нарече „исклучително важен.“

„Се согласивме многу брзо“, изјави Трамп пред новинарите додавајќи дека договорот што го објави Кремљ во заедничката изјава „ќе спаси огромен број на животи.“

Одделно, Путин пред новинарите на крајот на самитот рече дека заедничката изјава е „исклучително важна“ и оти ги потврдува принципите на борбата против тероризмот.

Во заедничката изјава се вели дека Трамп и Путин на маргините на самитот се договориле дека е потребно политичко решение за Сирија и оти ќе ги продолжат напорите во борбата проив групата на Исламската држава (ИД).

Русија и САД се согласија дека нема воено решение за сирискиот конфликт, се вели во заедничката изјава.