Најмалку тројца загинати при уривање на зграда во Русија

Русија-службите за помош пристигнуваат на местото на несреќата, 09.11.2017

Руските власти соопштија дека најмалку три лица загинале, а три други се повредени при делумен пад на зграда во западниот град Изхевск. Регионалните власти информираа дека дел од девекатницата се урнал денеска по екслозијата што се претпоставува дека била од протекување на гас.Руските медиуми повикувајќи се на информации од официјални лица јавуваат дека е можно под урнатините да има заглавено луѓе.
Изхевск е главен град на регионот Удмуртиа.