Увид во АКМИС во Апелациониот суд

Апелационен суд

Работната група од Министерството за правда денеска врши проверка на АКМИС системот за електронска распределба на судските предмети во Апелацискиот суд Скопје.Министерот за правда Билен Саљији минатата недела изјави дека увидот во АКМИС системот отсега па натаму ќе биде пракса во сите судови во државата.

Работната група, како што рече, спроведе контрола во работењето на АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1, а во текот на идната недела ќе се спроведе увид и во работењето на системот и во Апелацискиот суд Скопје, за првиот дел од увидот да заврши со Врховниот суд.

Кога ќе го имам сублимираниот извештај на Работната група од увидот во трите суда целосно ќе го објавиме пред јавноста, рече министерот за правда.