Ватикан прекинува со продажба на цигари

Плоштадот Свети Петар во Ватикан

Ватикан денеска соопшти дека веќе нема да продава цигари во своите фри-шопови и во супермаркетот, со што се откажува од годишна добивка која се проценува на 10 милиони евра.

Ватикан соопшти дека Папата Франциск ја донел таа одлука затоа што „Светата столица не може да придонесува во активности кои очигледно му штетат на здравјето на луѓето“. Во соопштението се наведуваат податоци од Светската здравствена организација, според кои, пушењето е причина за над седум милиони смртни случаи годишно.

Во книгата „Алчност“ од 2015 година, базирана на протечени документи од Ватикан, се наведува дека државата Ватикан од продажба на цигари заработува 10 милиони евра годишно и дека тоа е вториот најлукративен извор на приходи на државата, по продажбата на гас, кој е ослободен од данок.