Буџетот за 2018 година на владина седница

Министерот за финансии Драган Тевдовски

Подготвениот предлог буџет за 2018 година од страна на Министерството за финансии, денеска ќе биде на дневен ред на седница на Владата која е закажана за доцна попладнево.

Предлогот буџетот за 2018 година е проектиран на 211,7 милијарди денари или 3,44 милијарди евра. Приходите се планирани на 193,5 милијарди, а буџетскиот дефицит на 18,2 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП.

Предлог-буџетот што ќе го усвои Владата, треба да биде испратен до Собранието најдоцна до 15 ноември.