Во Турција уапсени над 500 бегалци при обид да минат во Бугарија и Грција

Бегалци чекаат на турски граничен премин - архивска фотографија

Турските власти во реонот на Едрене уапсија група од 575 мигранти и бегалци, кои се подготвувале да преминат нелегално во Бугарија и Грција. Според Дирекцијата за безбедност во Едрене, бегалците се криеле во околина на местата Орхание, Сарајакпнар, Боснакој во близина на турско-бугарската граница и во Узункопру, Ипсала и Мерич во близина на грчката граница. Пограничните власти преземале операција за нивно апсење. Утврдено е дека мигрантите и бегалците се од различни земји: Мароко, Пакистан, Мјанмар, Авганистан, Египет и Сирија. Откако биле идентификувани, уапсените мигранти и бегалци и се предадени на Дирекцијата за миграциски активности во Едрене.