Твитер ја зголеми должината на пораките од 140 на 280 карактери

илустрација

Компанијата Твитер соопшти дека ја зголемува максималната должина на пораките, твитовите од оригиналните 180 на 280 карактери, но оти таа промена нема да се однесува на сите корисници. Оние кои праќаат пораки на кинески, јапонски и корејски јазик и натаму ќе бидат ограничени на 140 карактери, бидејќи за пишување на тие јазици се користат помал број карактери. Твитер се надева дека ова ќе влијае врз бројот на корисници и на испратени пораки.