Владата го укина Денот на дрвото поради слаби ефекти

Архивска фотографија. Акција "Ден на дрвото"

Владата денеска на седница донесе заклучок за престанок на акцијата „Ден на дрвото“, а причина се слабите ефекти од досегашното спроведување.

Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски потенцира дека на седницата е разгледана Информацијата за спроведување на пошумувањето и оти Владата го задолжила ЈП Македонски шуми да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од акцијата во изминатите години.

"Досегашните информации пред да се донесе одлука се дека во минатото биле посадени 35 милиони садници, а процентот на успешност се движел од 0 до 15 проценти", рече портпаролот.

Додаде дека идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми