Трамп наздрави и му се закани на Пјонгјанг, Црвената армија тргна во војна, Омбудсманот ги искара пратениците...

ЈУЖНА КОРЕЈА - Американскиот претседател Доналд Трамп наздравува за време на ручекот со неговиот јужнокорејски колега Мун Јае-ин. Трамп од Сеул порача дека САД се подготвени целосно да ја искористат својата воена моќ за да се одбранат себе си и своите сојузници од нуклеарните закани на Северна Кореја, додавајќи дека тој, се пак, е посветен на сите достапни алатки, освен воена акција. Американскиот претседател Трамп е на азиска турнеја, чија цел, меѓу другото, е и зауздување на Пјонгјанг.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Жена поминува пред седиштето на Војводството Ланкастер, кралскиот оддел на кралицата Елизабета Втора. Британската кралица и американскиот секретар за економија се меѓу најзвучните имиња кои се спомнуваат до најновата даночна афера Рајски документи. Вилбор Рус, американскиот секретар за економија, по објавувањето на рајските документи, изјави дека не направил ништо лошо и дека прописно ги објавил неговите инвестиции во една од фирмите кои се спомнуваат до рајските документи,а која фирма има врска со блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.

ЕВРОПА - Нема да пијам кафе сварено од КГБ, нема да поддржам човек кој ги малтретира ЛГБ. Ова е еден од неколкуте илјади стихови напишани од различни корисници на социјалната мрежа Твитер на тема Путин. Попиларните твитерџии се во кампања за објавување на стихови за рускиот претседател.

РУСИЈА - Луѓе облечени во војничка униформа како од пред 76 години туркаат топ на Црвениот плоштад во Москва. Тие беа дел од големата историска парада во Москва во чест на 7 ноември, денот кога советската Црвена армија во 1941 година марширала под ѕидините на Кремљ, тргнувајќи на првата фронтовска линија во борба против фашистичка Германија.

МАКЕДОНИЈА - Народниот правобранител Иџет Мемети на прес-конференција за Годишниот извештај за човековите права и слободи во Македонија и пакетот мерки за нивно подобрување не бил изгласан иако имало кворум. Поради тоа, Мемети апелираше до пратениците да не ја испуштаат улогата да бидат коректив на извршната власт. Според пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, пратениците не гласале за мерките на Омбудсманот, бидејќи биле збунети и дека во иднина нема да ја повторат грешката.

РУСИЈА - Жена држи транспарент на кој пишува Сталин е нашиот татко, Родината ни е мајка, а советската власт сестра и другарка, за време на парадата за одбележување на 100-годишнината од Болшевичката револуција во Владивосток, Русија.

АВГАНИСТАН -  Припадник на авганистанските безбедносни служби ги чува новинарите од телевизијата Шамшад од Кабул, која беше нападната од неколку бомбаши. Во нападот на бомбашите облечени во полициски униформи, загинале двајца вработени во телевизијата, на над 20 биле повредени.

ГЕРМАНИЈА - Делегати стојат покрај глобус украсен со цветови и ветерници за време на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени СОР23 во Бон. Германскиот град Бон, кој е седиште на Секретаријатот за климатски промени, е домаќин на 23-тата седница на Рамковната конвенција за климатски промени, под претседателство на Фиџи.

ЧЕШКА - 100 години, 100 милиони убиени луѓе пишува на транспарентот на активист на движењето Без комунисти, фотографиран на брегот на реката Влтава, со инсталација на бродот Аурора во позадина. Членовите и приврзаниците на ова движење, со протест и антикомунистички пароли и транспаренти, во Прага ја одбележаа 100-годишнината од Болшевичката револуција.

УКРАИНА - Активистка на движењето за правата на жените Фемен извикува слогани качена на топ-споменик во Киев, Украина. Фемен го искористија одбележувањето на 100-годишнината од Болшевичката револуција за свои протести во повеќе украински и руски градови.