Секретарот за трговија на САД ги демантира руските врски во „Рајските документи“

Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос

Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос изјави дека уредно ја пријавил неговата инвестиција во една бродска фирма која имала врски со компанија контролирана од помошници на рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека најверојатно ќе ги продаде неговите акции во фирмата Навигатор Холдингс која пренесува гас за руската енергетска компанија Сибур, но не поради извештаите во медиумите за врски со Кремљ. Приватната фирма на Рос е најголем акционер во Навигатор и тоа беше откриено во документите објавени на 5 ноември, наречени „Рајски документи“ во кои има податоци за државници и компании во светот кои затајувале данок преку офшор фирми на Бермудите.