Нова даночна афера на светската елита

илустрација

Група од 400 новинари од 67 земји открила над 13 милиони тајни документи со подобрни докази за затајување данок од страна на високи официјални претставници и фирми во светот, пренесе германската новинска агенција ДПА. Протекувањето на овие документи најпрвин ги презеде весникот „Зидојче цајтунг“ кои наведе дека повеќето документи доаѓаат од офшор адвокатската куќа „Еплбај“, основана на Бермудите. Оваа компанија во минатот месец соопшти дека нејзините податоци биле хакирани. Документите наречени „Рајски документи“ покажуваат дека на списокот за затајување данок се претставници на администрацијата на претседателот Доналд Трамп како и руски фирми. На списокот се и „Најк“, „Епл“, „Убер“, „Фејсбук“, како и пејачот Боно и британската кралица Елизабета.