Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и по речните долини ќе има појава на утринска магла. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, особено во западните и југозападните делови на земјава, а ќе има услови за краткотраен локален дожд. Минималната темпертатура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе достигне до 17 степени. Во Скопје утринската температура ќе се спушти до еден степен, а дневната ќе достигне до 16 степени.