Порошенко и Тилерсон разговарале за мировниот план на ОН

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко, како што соопшти неговиот кабинет, со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон разговарал за можноста од испраќање на мировници на ОН во источна Украина. Според соопштението, за време на телефонскиот разговор Порошенко и Тилерсон се координирале за натамошните чекори за распоредувањето на меѓународна мисија на ОН во Луханск и Доњецк кои се под контрола на сепаратистите, вклучително и на границите меѓу двата региона и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември предложи да се распоредат мировници на ОН на контактната линија која ги дели двете страни на конфликтот.