Премиерот Заев ќе учествува на економски форум во Виена

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија. На форумот ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Заев, како што соопшти владината прес служба,ќе има обраќање во рамки на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции, а предвидено е да оствари средба со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.