Русија се заканува со одговор на санкциите на Канада

Беџови со ликот на Сергеј Магнитски

Москва соопшти дека ќе одговори на санкциите на Канада врз 30 руски државјани кои земјата ги поврзува со смртта на адвокатот Сергеј Магнитски, кој умре во затвор во 2009 година. На листата се наоѓаат слични имиња како на листата на САД која беше составена по усвојувањето на Актот Магнитски во 2012 година со кој се казнуваат лицата поврзани со неговата смрт.

Канада на почетокот на годинава усвои сличен закон како американскиот при што беше цел на критика од страна на Русија. Шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин е на листата, но има и група на претставници на власта на Венецуела, вклучително и претседателот Никола Мадуро. Магнитски откри случаи на масовна корупција во руски државни компании.