Убиецот на Кенеди не бил поврзан со ЦИА

Ли Харви Освалд

Во најновите документи објавени од страна на американските власти за убиството на претседателот Џон Кенеди е наведено дека несоновани се наводите оти Ли Харви Освалд бил поврзан со ЦИА. Во документите кои беа вчера објавени е содржан и меморандум од ЦИА од 1975 година кој бил направен откако агенцијата извршила потрага во и надвор од САД и заклучила дека Освалд не бил употребен од неа на било кој можен начин.

Во меморандумот е наведено и дека немало индикации оти Освалд бил поврзан и со некоја друга американска агенција. Националниот архив вчера објави нова серија на 676 владини документи поврзани со атентатот на Кенеди, по трет пат годинава.