Брнабиќ: Независноста на Косово спротивна на меѓународните стандарди

Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека едностраното прогласување независност на Косово не било во согласност со меѓународното право и стандарди. Според неа, по прогласувањето независност, во Приштина веќе нема Срби, а српските цркви и манастири се запалени.

Таа за време на конференцијата за светската политика во мароканскиот град Маракеш истакна дека едностраното прогласување независност на Косово не се случило за време на војна, туку се случило кога Обединетите нации гарантирале дека е дел од Србија, која веќе осум години била на патот на демократските промени.