Апелација по јавните седници ќе реши за „бомбите“ како доказ во „ТНТ“ и „Топлик“

Апелационен Суд

Попладнево се одржаа двете јавни седници во Апелацискиот суд Скопје на кои се разгледуваа жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“. Апелацијата има рок од 48 часа да одлучи по жалбата на Специјалното јавно обвинителство.

На седницата за „Топлик“, судот го одби барањето за одлагање на денешната седница поднесено од одбраната на првообвинетиот во случајот „Топлик“, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според СЈО, кое го застапува предметот, Јанакиески во овој случај не е жртва и „бомбите“ треба да бидат користени како доказ.

На седницата за „ТНТ“, за уривањето на Космос, одбраната побара да не се користат „бомбите“ за да се заштителе правата на 20 илјади граѓани. Обвинителот на СЈО реагираше дека адвокатот нема право да зборува за 20 илјади лица. Додаде дека доказите се презентираат не затоа што соговорниците имаат својство на граѓани, туку затоа што тие биле функционери кои презеле незаконски дејствија.