Илјадници луѓе на протести во Каталонија

Санти Вила, кој е задолжен за култура во сменетата каталонска регионална влада, во Националниот суд во Мадрид, 02.11.2017.

Илјадници демонстранти синоќа во Каталонија протестираа против притворањето поранешни членови на каталонската регионална влада по сослушувањето во шпанскиот национален суд во Мадрид поради прогласувањето на независност на Каталонија. На осуммина им е одреден притвор за време на истрагата под обвинување за бунт и проневера пари. Притворените политичари преку нивните кандидати и социјалните мрежи упатија апел протестите да бидат мирни. Во меѓувреме шпанскиот суд издаде потерница за апсење на сменетиот каталански лидер Карлес Пучдемон кој и натаму се наоѓал во Белгија.