Турција планира производство на сопствен модел на автомоби

Турција ќе формира конзорциум од пет компании, што треба да го изработи првиот автомобил од турско производство. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека конзорциумот ќе успее да го создаде прототипот на автомобилот до 2019 година, како и дека продажбата на тоа возило ќе започне во 2021 година. Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, истакна дека очекува производите на турската автомобилска индустрија да го заземат своето местото како на домашниот, така и на светскиот пазар. „Турција има потреба од кадри, инженери и технички персонал, за развивање на сопствена автомобилска индустрија“, нагласи Јилдирим.