„Диво Насеље“ - 33 казни затвор и четири ослободителни пресуди

Основен Суд Скопје 1 - Скопје - архива

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека од 37-темина обвинети за тероризам и терористичка организација за случајот во кумановското „Диво Насеље“, 33 луѓе се осудени за ова дело. За четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Од 33 осудени, седуммина добиле казна доживотен затвор, други 13 лица добиле затвор од трање 40 години, а останатите 13 обвинети се осудени на казни затвор од 12 до 20 години.

Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а околу 40-тина беа повредени. Судскиот процес започна на 9 февруари 2016 година кога обвинетите членови на терористичката група што се во притвор со високи безбедносни мерки беа спроведени во судница. МВР и за денеска најави зголемени безбедносни мерки поради закажаното судско рочиште и пренасочување на сообраќајот по дел од крстосниците низ Скопје.