Затвор за поранешниот грузиски премиер, наредил тепање на пратеник

Архивска фотографија: Поранешниот грузиски премиер Вано Мерабишвили пред суд

Грузискиот врховниот суд ја потврди пресудата за поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен премиер Вано Мерабишвили, за обвинението дека тој го наредил претепувањето на еден грузиски пратеник во 2005 година.

Мерабишвили во септември 2016 година беше осуден на 6,5 години затвор поради тоа што наредил претепување на пратеникот Валериј Гелашвили. Осудениот во тоа време бил министер за внатрешни работи.

Врховниот суд вчера ја потврди одлуката на Апелационот суд во Тбилиси кој во февруари ја отфрли жалбата на Мерабишвили.

Осудениот поранешен грузиски премиер, кој беше близок сојузник на поранешниот претседател Михаил Саакашвили и клучна фигура во грузиската „Револуција на розите“ во 2003 година, е во затвор од 2014 година. Тој е осуден на долгогодишен затвор во различни случаи, вклучувајќи злоупотреба на положбата и поткуп на гласачи.

Саакашвили, кој во моментов е во Украина, е под посебна истрага поврзана со истиот случај. Тој, пак, се сомничи дека му наложил на Мерабишвили да го нарача тепањето на пратеникот. Саакашвили се соочува со казна од 10 години затвор.

Поддржувачите на Саакашвили и Мерабишвили велат дека обвиненијата против нив се политички мотивирани и претставуваат „лов на вештерки“ од страна на актуелната власт.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур во јуни минатата година пресуди дека се затворањето на Мерабишвили е прекршена Европската конвенција за човекови права, зашто грузиските функционери го користеле случајот од политички мотиви.