Трамп: смртна казна за напаѓачот во Њујорк

По нападот со камионче врз пешаци и велосипедисти во Њујорк, 01.11.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше голема промена во имиграциската политика откако полицијата уапси Узбек за напад со камионче врз пешаци и велосипедисти во Њујорк. Притоа загинаа осум луѓе, додека неколкумина други беа ранети. Трамп најави дека ќе работи со Конгресот за запирање на визната Програма за зелена карта преку која осомничениот легално влегол во Соединетите држави во 2010 година. Трамп изјави дека напаѓачот 29 годишниот Сајфуло Саипов кој бил инспириран од екстремистичката Исламска држава и за кој веќе е покренато обвинување за тероризам да добие смртна казна.