ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека постои спрега меѓу СДСМ и Обвинителството

Архива - Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Со изјавата дека обвинителството наводно водело истрага за криминал на двајца членови од Владта, премиерот Зоран Заев потврдува дека потврдува дека постои директна спрега меѓу СДСМ и Јавното обвинителство кое се користи како механизам за дисциплинирање закана и уцена, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало нити би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган, но со оваа изјава на премиерот се потврдува дека Заев во суштина е нарачател на работата на обвинителите, факт кој е скандалозен и тотално незаконски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денека премиерот Зоран Заев рече дека по дојави од граѓани се води истрага за двајца високи претставници на власта.