Спасовски: Подготвени сме и за парламентарни избори

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

„СДСМ е подготвен да оди и на парламентарни избори. Меѓутоа прашањето е дали се потребни, или треба во овој момент да направиме нешто за Македонија“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашање во врска со седумте барања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, додавајќи: „Груевски бара ново Специјално јавно обвинителство, а тој не може да се спаси од ова СЈО, зошто му треба друго специјално обвинителство?

За обвинувањата од Груевски дека тој и луѓе од неговата партија се прислушувани, Спасовски истакна дека времето на следење на електронските комуникации без судски налог се минато и побара тој да понуди докази за своите тврдења. „Во моментов не се следи или прислушкува ниту еден политичар во Република Македонија“, рече Спасовски кој додаде дека

доколку Груевски не понуди докази за своите обвинувања треба да сноси одговорност за лажно обвинување.