Времето денеска: претежно сончево и релативно студено

Во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно студено со слаб северен ветер. Утринските температури на повеќето места се спуштат под нулата. Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 10 до 15 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно висока. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус два до 14 степени.